Путин: Правиме план за руско државјанство за сите Украинци
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата администрација разгледува план за олеснување на процесот за издавање на руско државјанство на сите Украинци, не само на оние кои живееле во источниот воен дел на Украина. Тој ова го изјави синоќа на затворањето на самитот во Пекинг.
Ваквиот коментар се очекува да ги зголеми тензиите со Киев и новата администрација на новоизбраниот претседател Володимир Зеленски.
„Во принцип, ние размислуваме да им дадеме државјанство на поедноставен начин на граѓаните на Украина“, изјави Путин.
Зеленски победи на последните избори на 21 април, но не доби честитка за изборот од Путин. Наместо тоа Кремљ најави план за доделување на државјанства на жителите на регионите во Украина кои сега се под контрола на сепаратистичките лидери поддржани од Русија.