Одбележан Денот на МНР и 50-годишнината на македонската дипломатија
Денеска во Музејот за современата уметност беше прославен Денот на МНР – 29 Април и беше одбележана 50-годишнината на македонската дипломатија. Пред 50 години било формирано Бирото за односи со странство во 1969 година, претходник на современото денешно Министерство за надворешни работи.
На прославата се обратија премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, а во име на дипломатите зборуваше амбасадорот Матс Стафансон.
„Се гордеам што можам со вас да ги споделам 50-те години раст и развој на Министерството за надворешни работи. Во исто време, ова е вистински предизвик и одговорност за мене бидејќи не е лесно да се зборува за нешто што е постаро од вас самиот“, рече Димитров во својот говор.