Утринава почувствуван земјотрес во Скопје
Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата слкала беше регистриран утринава во скопското епицентрално подрачје во 5 часот и 58 минути, јавија Телеметриската сеизмолошка мрежа при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот е на 11 километри источно од Скопје и го почувствува населението на Скопје, Илинден, Кадино и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.