ОН загрижени за нападите врз цивили во Авганистан
![ОН загрижени за нападите врз цивили во Авганистан](https://gdb.rferl.org/C423E405-B43C-4D84-ADF4-26EEF5F6736B_w800_h450.jpg)
Мисијата за помош на ОН во Авганистан изрази сериозна загриженост за влијанието на зголеменото насилство во земјата врз цивилите за време на празнувањето на Рамазан. Мисијата ги осуди нападите на талибанците кои, како што соопштија, намерно таргетирале цивили.
Мисијата ги истражува и наводите за цивилни жртви како резултат на воздушните напади на НАТО коалицијата во покраините Фара и Нимроз врз објекти за производство на дрога. Од мисијата ги повикаа и завојуваните страни да го прекинат огнот за време на празникот.