Зариф во посета на Индија по прекинот на увоз на нафта од Иран
Иранскиот министерот за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф се сретна со неговата колешка од Индија, Сушма Сварај во Њу Делхи, откако земјата го прекина увозот на иранската нафта, по новите санкции на САД.
Според соопштението, на средбата станало збор за прашањата од заеднички интерес, вклучувајќи ја и ситуацијата во Авганистан. Зариф претходно изјави дека планира да разговара за најновите случувања во регионот, како и за билатерални односи меѓу двете земји.
"Индија е еден од нашите најважни партнери, економски, политички и регионален", рече Зариф.
САД воведоа нови санкции врз Иран и порачаа дека ќе го сведат извозот на нафта од земјата на нула.