Автомобил влета во луѓе во Германија – четворица повредени
Четири лица ноќеска биле повредени во градот Ботроп во централниот дел на Германија, кога возач намерно влетал во насобраните луѓе, а според првичните информации, мета на нападот биле странци, информира германската полиција. Локалната полиција соопшти дека 50-годишен маж со Мерцедес намерно влетал во луѓето нешто по полноќ. Возачот удрил во еден Сириец и Авганистанци. Полицијата брзо го фатила возачот, чиј идентитет не се соопштува. Локалните власти соопштија дека за време на апсењето возачот имал негативни коментари на сметка на странците.