Уште една жртва пронајдена во урнатините на зградата во Русија
Бројот на загинати лица во експлозијата на гас во зградата во градот Шахти во јужниот руски регион Ростов, се искачи на две лица. Спасувачките екипи сооштија дека пронашле уште едно тело под рушевините. Потрагата и натаму продолжува, бидејќи уште три лица се водат за исчезнати по експлозијата што се случи во понеделникот на деветтиот кат од станбената зграда. Седум лица беа спасени, вклучително и дете, а вкупно 140 лица беа евакуирани од зградата. Во тек е истрага за причините за експлозијата.