Акција за чистење на 20 скопски локации во која ќе се вклучат вработените од јавниот сектор ќе се одржи денеска и на тој начин ќе се одработи неработниот ден од годинава, 2 јануари.
На секоја локација ќе има обезбедено екипи од градските јавни претпријатија, соодветни стручни служби и алат за да помагаат на луѓето кои ќе чистат.
Локациите на кои ќе се одвива акцијата се езерцето Треска во Сарај, Аквадуктот, СЦ „Борис Трајковски“, Кале, Музејот на современа уметност, касарната „Илинден“, Јужен булевар... Читать дальше...