Кралицата Елизабета свика „кризен состанок“ поради одлуката на Хари и Меган
Британската кралица Елизабета за утре го повика својот внук, принцот Хари, на „кризен состанок“ , за да разговара за идните аранжмани за него и неговата сопруга Меган, откако одеднаш, без никаква најава, двојката соопшти дека сакаат да се повлечат од кралските должности. Таткото на Хари, принцот престолонаследник Чарлс, и неговиот брат, принцот Вилијам, исто така, ќе присуствуваат на состанокот, што ќе се одржи утре на имот на кралицата Сандрингам во Нортфолк, на истокот од Англија, изјави извор од Бакингемската палата. Читать дальше...