Нови 169 случаи на коронавирус во Грција, 35 во бегалскиот камп Мориа
Од 2.000 направени тестови за Ковид-19 на мигрантите, бегалците и вработените во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос, потврдени се 35 позитивни лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за миграција и азил на Грција, попладнево соопштија дека завршен е процесот на тестирање во кој биле земени примероци од 1.900 мигранти и бегалци и сто вработени. Заразените биле пренесени во специјално одреден простор за изолација, а освен едно лице кое има симптоми, останатите 34 се асимптоматски. Читать дальше...