Протест на ВМРО-ДПМНЕ- мора да има одговорност за незаконското прислушување
Од зградата на Министерството за правда до пред Кривичниот суд Скопје, вечерва ВМРО-ДПМНЕ, го одржа протест против ,како што најави, „неправдите, реваншизамот и политичкото насилство“. Учесниците во тек на протесниот марш извикуваа „слобода“, „оставка“, „мафија на робија”, „Никогаш северна, само Македонија“. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својот говор пред Кривичниот суд рече дека „правдата во Македонија е нападната“, истакнувајќи дека „селективната правда денес во Македонија е неправда“. Читать дальше...