Лонг Ајленд - Жена прогласена за мртва, па во мртовечница откриле дека дише
Жена од 82 години била прогласена за мртва во старечки дом на Лонг Ајленд во американската сојузна држава Њујорк, но три часа подоцна било востановено дека дише во мртовечницата во која била пренесена, соопштија денеска тамошните власти. Жената, чие име не е соопштено, била прогласена за почината во саботата во старечкиот дом Вотерс Еџ во Порт Џеферсон во 11:15 по локално време, а во мртовечница била пренесена во 13:30. Таму било утврдено дека дише во 14:09, соопшти полицијата на округот Сафолк. Читать дальше...