Судот ја отфрли тужбата од Ахмети и Џафери против Богоевски за Маѓар Телеком
Се одбива тужбата за клевета против поранешниот разунавач Слободан Богоевски, што против него ја поднесоа Али Ахмети и Муза Џафери за случајот Маѓар Телеком, одлучи Апелационен суд. Тужбата се одбива како неоснована. Тие го тужеа за клевета за неговата изјава дадена пред американските истражни органи во кој тој наведува дека Ахмети и Џафери зеле дел од пет милиони евра мито за Маѓар Телеком.
За случајот во Америка имаше епилог, но не и во Македонија.
По пауза од 2011, при крајот на минатата година продолжи судењето за случајот „Маѓар Телеком“ откако обинението го застапува Специјалното јавно обвинителство.