Вучиќ: Ситуацијата ќе биде потешка ако нема состанок во Париз
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека во случај да не дојде до состанокот во Париз за Косово на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон целиот регион ќе се најде во тешка ситуација.
„Ако биде Париз ќе бидеме во тешка ситуација, ако не го биде ќе бидеме во уште потешка состојба, ќе бидеме-народски кажано в кал, и ние и целиот регион. Имаме конструктивен пристап за дијалогот, но за танго и за дијалог секогаш се потребни двајца“, порача Вучиќ.
Според него, Србија и понатаму се бори да направи се што може и оти многу работи ќе се покажат на состанокот во Париз, ако тој се одржи. Состанокот е закажан за 1 јули.