Средба на Заев со рускиот амбасадор - случајот со пранкерите нема да влијае на односите меѓу двете земји
Премиерот Зоран Заев и рускиот амбасадор Сергеј Баздникин на денешната средба разговарале и за случајот со руските пранкери. Се согласиле дека тоа нема да влијае на односите меѓу двете земји, а соработката меѓу нив ќе продолжи, соопштуваат од владата.
„Во врска со измамата со телефонски разговори од страна на двајцата руски граѓани, взаемно беше изразено жалење за случајот и потврда дека тоа нема да влијае врз билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација“, стои во соопштението.
На средбата било констатирано дека еден од инструментите за засилена динамика на трговската и економската соработка е интензивирањето на работата на Меѓувладината комисија за економска соработка.