Ердоган планира заедничко производство на оружје со Русија
![Ердоган планира заедничко производство на оружје со Русија](https://gdb.rferl.org/E8F71977-0383-44E4-8212-87AD70F69400_w800_h450.jpg)
Следна цел на Турција, по набавката на ракетниот систем С-400, е заедничко производство на воздушни одбранбени системи со Русија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Некои тврдеа дека нема да можеме да добиеме С-400 и нема да можеме да ги распоредиме на наша територија, но тие почнаа да пристигнуваат. Некои велат дека тоа е погрешно. Но наша следна цел е заедничко производство со Русија“, истакна Ердоган на собирот по повод три годишнината од неуспешниот обид за пуч во Турција.