Панчевски суспендиран, одложено разрешувањето на Вангеловски
![Панчевски суспендиран, одложено разрешувањето на Вангеловски](https://gdb.rferl.org/FBE1CAFC-A0D6-4469-A910-FCFA10A14BF1_w800_h450.jpg)
Поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, кој е обвинет за местење судски предмети, денеска е суспендиран од Судскиот совет, а Советот не одлучуваше за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
На интернет страницата на Судскиот совет е наведено дека на денешната седница е донесена одлука за времено оддалечување од вршење на судиска функција на еден судија и оти е одлучено да има одложување на расправа по барање на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија во извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија, претседател на суд.