Галовеј ја поздрави дебатата за борба против дезинформации и лажни вести
![Галовеј ја поздрави дебатата за борба против дезинформации и лажни вести](https://gdb.rferl.org/37CF63B0-84C7-4D65-9A36-FF4D332FE5D4_w800_h450.jpg)
Британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска на Твитер излезе со поддршка за отворањето на дебатата за борба против дезинформации и лажни вести.
Амбасадорката нагласува дека Велика Британија издвоила 9,5 милиони фунти за јакнење на независноста на медиумите во Западен Балкан.
“Го поздравуваме отворањето дебата за борба против дезинформации и лажни вести. Велика Британија издвои 9,5 милиони фунти за јакнење на независноста на медиумите во Западен Балкан, средства со кои се поддржува слободата на говорот и се овозможува зголемување на избалансирани и непристрасни содржини”, вели Галовеј во својот твит.