Бабаџан го напушти Ердоган и прави нова партија
Еден од основачите на АКП, поранешниот турски вицепремиер и шеф на турската дипломатија, Али Бабаџан, откако во јули го напушти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, сега најави дека формира нова партија, пренесува новинската агенција „Ројтерс“.
Бабаџан ја напушти Партијата за правда и развој (АКП), на претседателот Ердоган во јули поради, како што рече, длабоки разлики. Во своите први коментари по напуштањето на АКП, Бабаџан, за весникот „Карар“, рече дека владејачката партија се оддалечила од нејзините основни принципи и дека сè уште работи на собирање истомисленици за да формираат тим за водење на новата партија.
Тој беше меѓу основачите на АКП, министер за економија и за надворешни работи, а потоа од 2009 до 2015 година вицепремиер.