Боки 13 од болница вратен во „Шутка“
Бојан Јовановски е вратен во притворот во затворот во Шутка, откако денеска колабираше за време на давање на исказот во Обвинителството за случајот „Рекет“, во кој тој е првоосомничен.
Директорот на затворот „Скопје“, Есад Рахиќ за МИА потврди дека Јовановски е вратен во притвор по укажаната лекарска помош во ГОБ„8 ми Септември“.
Бојан Јовановски попладнево на носилка беше изнесен и со возило на брза помош и полициска придружба замина од Обвинителството.