Американско-талибанските мировни разговори продолжуваат во Катар
![Американско-талибанските мировни разговори продолжуваат во Катар](https://gdb.rferl.org/75FFB6FA-1B9D-4B0C-8F13-BBBD022A8576_cx0_cy11_cw0_w800_h450.jpg)
Американските власти и Талибанците најавија продолжување на мировните разговори за прв пат откако американскиот претседател Доналд Трамп нагло ги прекина пред три месеци, чија цел е прекин на 19 годишната војна. Американскиот претставник Залмај Калилза наводно се сретнал со талибанските власти на 7 декември во Катар, при што е предвидено одредени разговори да се одржат и денеска.Рестартирањето на разговорите доаѓа по ненадејната посета на Трамп на амеркинаските трупи во Авганистан на Денот на благодарноста.