Најмалку девет загинати во напад во Авганистан
Најмалку еден припадник на авганистанск милиција застрелал девет негови колеги рано утринава во напад кој авганистанското министерство за внатрешни работи го квалификуваше како внатрешен. Локални извори и Талибанците пак тврдат дека бројот на загинати е најмалку е 24 лица. Полицискиот портпарол Забихула Муџахид рече дека нападот бил координиран и се случил на контролна точка. Се уште нема многу детали, а полицијата врши увид на местото на нападот кој се случи во централната провинција Гази. Не е познат ниту точниот број на напаѓачи.