Пакистан: Деветмина загинати во експлозија во џамија
Девет лица меѓу кои еден полицаец загинаа, а десет се повредени во експлозија на бомба во југозападниот град Куета, соопшти полицијата.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот кој се случи денеска. Куета е главен град на провинцијата Балочистан,која граничи со Авганистан.
Провинцијата има проблеми со исламистички милитантни напади и сепаратистичко востание кое доведе до илјадници жртви од 2004 година.