Средба на работната група за законот за ЈО со сите пратенички групи
Денеска, како што најави министерката за правда Рената Дескоска, треба да се одржи нова средба на работната група за Предлог – законот за јавно обвинителство на која ќе присуствуваат претставници на сите пратенички групи. До ова средба чија цел е усогласување на текст кој ќе влезе во собраниска процедура доаѓа по завршувањето на јавната расправа за Законот за јавното обвинителство. Предлозите за текстот ќе бидат испратени до Секретаријатот за Законодавство која е надлежна институција по ова прашање.