Инцко: Република Српска не може да се отцепи од БиХ
Одлуката на Уставен суд на Босна и Херцеговина за статусот на земјоделско земјиште како државно ќе биде спроведена, а ентитетот на Република Српска нема да може да се отцепи, изјави високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ, Валентин Инцко.
„Државен имот секаде постои и сега поради еден дел на таа одлука за земјоделското земјиште се креваат тензии. Можеби сето тоа служи и за други цели, иако е несомнено дека РС е дел од државата БиХ“, посочи Инцко додавајќи дека одредени лица во БиХ ги мешаат термините територија и државен имот.
Република Српска се закани со отцепување од БиХ
Тој ги отфрли тврдењата на Република Српска дека одлуките на Уставниот суд на БиХ главно се насочени против нив и потсети дека 99 отсто од одлуките на Судот се донесени едногласно.
Неделава пратениците во Република Српска дадоа краен рок од 60 дена за реформа на Уставниот суд на БиХ во спротивно заканувајќи се со референдум за отцепување. Овој потег на пратениците на српскиот ентитет следува по одбивањето од судот да ја потврди нивната претходна пратеничка одлука, земјоделското земјиште во Република Српска да биде нивна сопственост, а не на Босна и Херцеговина.