Помпео во Саудиска Арабија на разговори за Иран
Американскиот државен секретар Мајк Помпео се среќава со лидерите на Саудиска Арабија денеска, а на разговорите главна тема се очекува да биде ривалот на двете земји Иран. Стејт департментот соопшти дека Помпео, кој пристигна во Ријад вчера, се среќава со кралот Салман и неговиот син и со министерот за надворешни работи Фаисал бин Фархан.
По средбите во главниот град на Етиопија Адис Абеба, од каде што замина во Саудиска Арабија, Попмео рече дека поминал долго време во разговори за безбедносни прашања и заканите од Исламската Република Иран.
Ријад е силен сојузник на Вашингтон во несогласувањата со Иран. Саудиска Арабија, која е доминантно сунитско муслиманска, се натпреварува со шиитскиот Иран за влијанието на Блискиот исток. Вашингтон и Техеран, пак, не се во добри односи особено по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече земјата од нуклеарниот договор кој во 2015 година го постигнаа светските сили со Иран и реши да воспостави нови финансиски санкции кон земјата.
САД обвинуваат дека Иран со лансирањето сателит сака да развие балистички ракети