Синадиновска - Изборната кампања ќе го зголеми бројот на претставки за медиумите
Има драстично зголемување на бројот на политичари и институции, министерства, општини, кои се обраќаат до нас со претставки за неетичко известување во медиумите, вели Катерина Синадиновска, претседателка на Советот за етика на медиумите на Македонија (СЕММ). Таа очекува со засилувањето на изборната кампања да се зголеми и бројот на претставки. Во интервјуто за Радио Слободна Европа, таа зборува и за измените во закон за медиумски услуги, за реформирањето на МРТВ, лажните вести.