Заев: извештајот на ЕК е потврда за завршените обврски
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска рече дека Извештајот на Европската комисија е потврда за завршените обврски.
„Тоа што зависи од нас е завршено и самиот извештај потврдува дека испративме сериозна порака оти продолжуваме на европскиот пат. Веројатно се мисли на Законот за јавно обвинителство и на останатите реформи кои што беа процесуирани преку законите за реформи во јавната администрација, продолжија со доекипирањето на АНБ, на ОТА, на безбедносните служби, а веќе во Парламентот е законот за промена на Агенцијата за разузнавање“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Во Извештајот на Европската комисија за исполнувањето на условите за преговори, кој е основата врз која земјите членки на ЕУ треба да одлучат овој месец дали ќе дадат зелено светло за нивно започнување, се оценува дека Северна Македонија остварила значаен напредок во сите области и му препорачува на Советот да донесе позитивна одлука.
ЕК пак препорачува преговори за Северна Македонија, на потег е Советот