Загина човек при експлозија на гас во зграда во Русија
![Загина човек при експлозија на гас во зграда во Русија](https://gdb.rferl.org/9D5A8826-1EF2-45E9-A86C-4E525920F0F6_w800_h450.jpg)
Руското министерство за вонредни состојби соопшти дека при експлозија на гас во станбен блок во близина на главниот град загина најмалку еден човек а неколкумина се повредени. Уништени се неколку ката од зграда која се наоѓа во руската населба Орехово – Зујево на околу 85 километри од Москва. Експлозијата настанала откако на жителите им било наредено да останат дома како дел одстрогите мерки за карантин како превенција од ширењето на коронавирусот.