Од утре забранет организиран превоз во и од Тетово
Владата донесе одлука дека од утре, 21 април, се забранува организиран превоз на патници односно забрана за влез и излез во и од подрачјето на Општина Тетово и сите околни општини.
„Исклучок од оваа забрана е организираниот превоз што го вршат економските оператори за своите вработени лица до работните места, како и организираниот превоз на вработените лица во Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија, како и вработените во територијалните противпожарни единици во овие општини“, стои во владиното соопштение.
Пензиите од петок преку банкомати, препорача Владата
Согласно ова, Владата донесе Одлука за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територија на Република Северна Македонија.