Севернокорејскиот лидер Ким се појави во јавноста
Водачот на Северна Кореја Ким Џонг Ун денеска се појави прв пат во јавноста откако веќе 20 дена се шират гласини за неговото нарушено здравје. Тој присуствувал на церемонија на сечење лента по повод отворање на фабрика за ѓубрива во близина на Пјонгјанг, соопшти корејската Централна новинска агенција. Ким е забележан на фотографии како се смешка и разговара со соработниците додека ја обиколува фабриката. Фотографиите се објавени на веб-страницата на официјалниот весник „Родонг Синмун“, пренесува Ројтерс, но не може да се потврди нивната автентичност.
Корејската Централна новинска агенција соопшти дека Ким се појавил со други високи функционери, вклучувајќи ја и неговата сестра Ким Џо Јонг, за која некои веруваат дека ќе бидат поставена како водач за да ја продолжат династијата на наследноста, доколу нејзиниот брат не може да владее. Нема објаснување во извештајот на новинската агенција за тоа што го предизвикало отсуството на Ким во изминатите недели среде пандемијата на коронавирус. Северна Кореја ги затвори своите граници за да го запре ширењето на вирусот. Последните информации од 30 април пишуваат дека таму немало случаи на заразени, но експертите се сомневаат дека ова е точно.
Сеул: Не се случува ништо што покажува дека Ким е болен