Во Индија, над пет милиони заразени, во Чешка најмногу случаи на ковид-19 за еден ден
![Во Индија, над пет милиони заразени, во Чешка најмногу случаи на ковид-19 за еден ден](https://gdb.rferl.org/8F272B92-412E-4998-A16B-DB917C79C2C2_w800_h450.jpg)
Бројот на лица заразени со коронавирусот во Индија надмина пет милиони, објави денеска индиското Министерство за здравство. Втората најнаселена земја на планетата забележала милион нови инфекции за само единаесет дена. Индија е втора по бројот на инфицирани, по САД со над 6 ипол милиони.
Нов дневен рекорд на новозаразени со Ковид-19 во светот
Во меѓувреме во Чешка е соопштено дека дневниот број на нови случаи на инфицирани со коронавирус во вторникот се искачи на 1.677, што е највисоко досега. Вкупниот број на потврдени случаи е 38.896 во земјата со 10,7 милиони жители, покажуваат податоците на Министерството за здравство во средата