Нов дневен рекорд во Русија: 346 починати од Ковид-19
Руската влада денеска објави дека има 346 нови жртви на Ковид-19, шро е нов дневен рекорд од почетокот на пандемијата. Според бројките на владата објавени денеска, имало 16.202 новозаразени со коронавирус во последните 24 часа, од кои 3.670 се во Москва.
Лавров ја откажа балканската турнеја
Податоците на руската влада, која беше критикувана за евентуално потценување на ситуацијата, вклучуваат случаи и жртви од украинскиот црноморски регион Крим, кои Москва го анектираше во 2014 година.
Од почетокот на пандемијата, според руската влада, во Русија починале 26.935 лица.