Примени нови 40 пациенти со ковид во болниците во Скопје
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 40 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 495 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.
Нови 865 случаи на ковид-19 и 25 починати
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, изутрината до 8 часот имало 20 – тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.