Приведени 19 демонстранти во рускиот Хабаровск
Руската полиција во Хабаровск приведе најмалку 19 лица кои учествувале во протестите за поддршка на приведениот поранешен гувернер во регионот, тврдат активити за рускиот сервис на РСЕ . Демонстрантите биле приведени за време на протести кои веќе неколку недели се организараат против апсењето на поранешниот функционер во тој регион Сергеј Фургал.
Десетици илјади луѓе на протест во Хабаровск
Тој беше обвинет во јули годинава за соучеество во повеќе убиства сторени пред повеќе од една деценија. Во текот на измината ноќ неколку десетици демонстранти на минусни температури протестираа пред канцеларијата на регионалната влада во Хабаробс и потоа маршираа низ центарот на градот. Тоа беше 169 ден од почетокот на протестите поради апсењето на Фургал и неговиот трансфер во притвор во Москва.
Властите го сомничат Фургал за вмешаност во неколку убиства на бизнисмени во 2014 и 2005 година, но тој ги негира обвиненијата. Во тоа време Фургал бил бизнисмен во дрвната и металската индустрија.
За време на својот мандат, Фургал се здоби со репутација на „народен гувернер“, намалувајќи ја својата плата. Тој нареди продажба на скапите јахти кои ги купи претходната администрација и понуди нови субвенции за жителите.