Ѓурѓај: во Албанија нема Бугари
Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво Илинден Тирана тврди дека нема зголемено присуство на македонските власти пред престојниот попис во Албанија. Со такви тврдења пак излегоа бугарските власти според кои Скопје лобира бугарското малцинство во Албанија да се попише како македонско.