СЗО: 6.600 предвремени смртни случаи од загадувањето во Србија во 2016
Околу 6.600 предвремени смртни случаи се резултат на загадувањето на воздухот во Србија, изјави директорот на канцеларијата на Светската здравствена организација во Белград, Марјан Ивануша. Тоа, според него, го покажале проценките на организацијата од 2016 година и Ивануша порачува дека загадувањето „може да резултира“ со разни сериозни болести и со смртни случаи.
„Нашите секојдневни активности во областа на земјоделството, индустријата, сообраќајот, греењето, влијаат на квалитетот на воздухот, затоа е неопходно да се воведат дополнителни мерки во сите овие области“, изјави Ивануша за „Политика“.
„Обединет Балкан за чист воздух”: Затворете ги електраните на јаглен
Тој порачува дека целта е долгорочно подобрување на квалитетот на воздухот и затоа се потребни координирани интервенции во соодветните сектори, но, не само на ниво на носители на одлуки, туку и на целото општество.