Нови 365 заразени со Ковид19, пријавени 37 починати
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.820 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на Ковид19. Од нив најмногу во Скопје– 166, а потоа следуваат Куманово – 27, Битола – 19, Струмица – 17, Прилеп и Велес – по 15, Кавадарци – 12, Тетово -11, Кичево -10. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени.
Пријавени се вкупно 37 починати лица од педесет до 89 годишна возраст. Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 34 во болнички услови. Пријавени се десет пациенти кои, како што информира министерството, се починати во период од 15 до 25 месецов.
Во болниците се лекуваат 1 165 пациенти со Ковид-19
За истиот период оздравени се 594 оздравени пациенти. Со ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.367, бројката на оздравени пациенти е 132.765, на починати е 4.855, а бројот на активни случаи изнесува 14.747.