Пристигнаа уште 12.870 дози од вакцината Фајзер
Министерот за здравство Венко Филипче објави дека денеска пристигнале нови 12.870 дози од вакцината Фајзер против ковид-19.
Филипче на Фејсбук објави дека станува збор за вакцини обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“.
Над 247 илјади примиле барем една доза вакцина, комплетно вакцинирани над 143 илјади луѓе
Заклучно со 06.06.2021 вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.