Продолжува потрагата по преживеани во урната зграда во Мајами
Гувернерот на Флорида Рон де Сантис изјави дека мора да се спроведе целосна истрага за причините за уривањето на станбената зграда крај океанот во близина на градот Мајами Бич. Четири лица беа потврдени мртви додека спасувачките екипи работеа деноноќно во потрага по преживеани. Колапсот се случи на 24 јуни откако едното крило на 12-катната кула се урна. Градоначалничката на округот, Даниела Левин Кава изјави дека властите се уште немаат вести за 159 лица кои можеби спиеле во зградата за време на уривањето.
„Не најдовме никој друг во денешното пребарување. Но, преку ноќта ќе продолжиме, и ако даде Господ, ќе има некои добри вести подоцна вечерва или наутро“, рече таа на прес-конференција.
Расте бројот на починати од уривањето на зграда во Мајами
Американскиот претседател Џо Бајден зборуваше за уривањето на зградата во Белата куќа нарекувајќи го „тешко, тешко време“ за семејствата на луѓето за кои не се води сметка.
"Има толку многу луѓе што чекаат. Дали се живи? Што ќе се случи? Значи, нашето срце е со нив", рече тој.
Бајден претходно разговараше со гувернерот Десантис, кој рече дека семејствата заслужуваат „дефинитивно објаснување за тоа како можело да се случи тоа“. Причините за уривањето на зградата остануваат нејасни.