Временска прогноза - Сончево и потопло
Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Вдолж Повардарието и на истокот ќе дува умерен северозападен, а во западните делови слаб западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје максималната температура ќе достигне 33 степени.
Утре во пладневните и попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Потоа следува период на стабилно време со пораст на температурата.