Заев- Можно е решение по формирање на нова влада во Бугарија до крајот на годинава
Премиерот Зоран Заев се надева дека по се поизвесните трети парламентарни избори во Бугарија ќе биде формирана нова бугарска Влада, со која ќе може да се разговара за да се најде решение и да се одблокира процесот на почеток на преговори на Северна Македонија за членство во Европската унија.
Тој одговарајќи на новинарско прашање изјави дека очекува до крајот на годинава да се заокружат прашањата кои преку патоказот се адресирани и кои што содржат гаранции преку рокови за зголемување на ефикасноста за реализација на Договорот за пријателство со Бугарија.
Претседателските избори во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември
„Истовремено сме подготвени и тоа јавно го апелирам да стигне и до Бугарија да ги номинираме двете ноти дипломатски, а тоа е првата нота дека Северна Македонија е исто како Република Северна Македонија, се однесува на територијална суверена целина на државата Република Северна Македонија, дека немаме територијални претензии према ниту една од соседните држави, вклучително и Бугарија и слично и да ги испратиме секаде каде што тоа е потребно, вклучително ЕУ, до Бугарија, до соседите, до ОН нема проблем со оваа работа“, изјави Заев.
Бугарското МНР му врачи протесна нота на македонскиот амбасадор во Софија
Тој објаснува дека адресирано е и второто прашањето на дипломатската нота за немешање во внатрешните работи, вклучително и малцинските права.
„Во современа Европа, а Бугарија е членка на ЕУ, прашањата се решаваат пред судот во Стразбур и нема што ние да се мешаме или тие да се мешаат кај нас за одредени вакви прашања или слично“ додаде тој.
Премиерот Заев истакна дека цел на Владата е да води грижа за сите етнички заедници, вклучително и бугарското малцинство и дека во тоа поле многу работи се унапредени.