ДЗС: Пописот се одвива со нормално темпо
Попишувањето се одвива со нормален интензитет и темпо, а граѓаните се поттикнати и имаат доверба во попишувачите, информираат од Државниот завод за статистика. Посочуваат дека при спроведување на големи акции, со користење на високософистицирана технологија, нормална е појавата на технички проблеми.
„Во последниве денови се појавија голем број шпекулации околу тоа како се спроведува попишувањето во државата и со какви проблеми се соочува Државниот завод за статистика во теренските активности. При спроведување на големи акции од типот на попис, со користење на високософистицирана технологија, сосема нормално е да се појавуваат технички проблеми кои се надминуваат во од, односно во најкус можен рок“, соопшти ДЗС.
ДЗС: Намален интензитет на пописот поради техничкото усогласување
Од ДЗС воедно истакнуваат дека зад оваа статистичка операција стои експертски тим за поддршка кој им стои на располагање на попишувачите и кој во живо го следи процесот на попишување на терен и интервенира во истиот момент доколку се појави некој проблем.