Алтернатива се надева на поголем дел од „владиниот колач“ од реалниот
Опозициската Алтернатива преговара за влез во власта во ситуација во која во преговорите може да добие многу повеќе отколку што би добила во некои помирни околности. Во моментов и власта и опозицијата во Собранието имаат по 60 пратеници, па четирите пратеници на Алтернатива вредат како „суво злато“.