Битола 15 години се топли со надежи за парно од РЕК
Од почетокот на градењето на РЕК во Битола пред 40 години се најавувало дека градот ќе се грее од топлинска енергија од комбинатот. Во изминатите 15 години различни партии најавуваат дека проектот само што не се реализирал, но дури сега започна пробивањето на трасата за изградба на топловод.