Пакистанка осудена на смрт поради „богохулни“пораки
Пакистански суд осуди муслиманка на смрт поради испраќање богохулна порака и карикатури на пророкот Мухамед на пријател. Судот во градот Равалпинди на 19 јануари нареди дваесет и шест годишната Анека Атеек да биде обесена. Таа доби и затворска казна.
Атик беше уапсена во мај 2020 година и обвинета за објавување „богохулни материјали“ на апликацијата WhatsApp. Во судскиот извештај е наведено дека кога еден пријател ја повикал да го смени напишаното, таа наместо тоа му го препратила материјалот.
Сликите на пророкот Мухамед се сметаат за богохулни од многу муслимани.
Богохулството е забрането во Пакистан, земја со мнозинско муслиманско население, а оние што го направиле делото, според законите може да добијат и смртна казна.
САД ја додадоа Русија на црната листа за верски слободи
Според американската Комисија за меѓународна верска слобода повеќе од 80 луѓе се затворени во земјата под обвинение за богохулење, од кои половина се соочуваат со доживотна или смртна казна. Критичарите велат дека пакистанските закони за богохулење нерамномерно се применуваат и често се злоупотребуваат за да се решат личните спорови.
Дури и недокажаните наводи за богохулење можат да поттикнат насилство и големи протести во земјата. Минатиот месец, менаџер на фабрика од Шри Ланка во провинцијата Пенџаб беше киднапиран од толпа, мачен и јавно запален до смрт, откако страници од Куранот, наводно, биле пронајдени во кантата за ѓубре во канцеларијата на жртвата.