Полиција врши увид по синоќешниот пожар во Тетово
Општина Тетово ќе им помогне на граѓаните кои претрпеа штета во пожарот во населбата Колтук, најави градоначалникот Биљал Касами кој синоќа беше на местото на настанот за да види каква е ситуацијата по гаснењето на огнот. Две куќи во Тетово синоќа беа зафатени од пожар во населбата Култок, по што со повреди се здобил сопственикот на едната куќа каде избувнал пожарот.
„За среќа нема повредени, а станува збор само за материјална штета. Сакам да се заблагодарам на Територијалната противпожарна единица која навреме интервенираше и го локализираше пожарот без поголеми последици. Наскоро ќе им помогнеме на граѓаните кои настрадаа од овој пожар,“ изјави градоначалникот Касами.
Пожар во две куќи во Тетово, повредено едно лице
Од СВР Тетово денес соопштија дека во текот на денот ќе се врши увид на местото на пожарот за да се утврдат причините.