Ердоган и сопругата позитивни на ковид
![Ердоган и сопругата позитивни на ковид](https://gdb.rferl.org/c28a0000-0aff-0242-48af-08d9e7ba4a98_w800_h450.jpg)
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска објави дека тој и неговата сопруга се позитивни на коронавирус и имаат благи симптоми.
Ердоган наведе дека е заразен со Омикрон варијантата на вирусот.
„Денеска добив позитивни резултати од тестот за Ковид, што јас и мојата сопруга го направивме по благи симптоми. Ќе продолжиме да работиме од дома“, напиша Ердоган на Твитер.