Граѓаните трагаат по ниски цени, државата да биде Робин Худ
![Граѓаните трагаат по ниски цени, државата да биде Робин Худ](https://gdb.rferl.org/4CDDDD38-6D15-4C4C-976A-D818D13151E2_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Граѓаните станале поштедливи во услови кога има голем скок на храната и на енергенсите. Тие се водат по народната „колку ти е долга чергата, толку ќе си ги пуштиш нозете“. Државата треба да ги замрзне цените и на нафтата, да даде директна финансиска инјекција за сиромашните и повеќе да го оданочи богатите граѓани и фирмите, вели економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ.