Русија продолжува со нападите, Украина обвинува: Гранатираа детска болница
Иако Русија најави дека ќе го почитува прекинот на огнот за да се обезбеди безбедна евакуација на украинските граѓани преку отворените хуманитарни коридори во шест градови, украинските власти тврдат дека попладнево била погодена детска болница и породилиште во Мариупол.